дома Струга и Охрид купуваат од Игор

Струга и Охрид купуваат од Игор

Игор Шајновски, има 32 години и е вработен во организацијата „Порака Нова“ од Струга, каде главните обврски му се околу продажба и достава на „Лице в лице“ во местата покрај Охридското езеро. Често зборува со голема љубов и воодушевување за неговото родно село Радожда, за спецификите на Струга, за мирот кој го наоѓа на брегот на езерото.
Со посветеноста и работата што ја прави, инспирира и ни дава пример за тоа како изгледа растот на личноста која е свесна за своите можности и која сака да успее во животот.

– Се чувствувам многу добро и корисно што соборувам лични рекорди, но и стекнувам нови вештини. Го продавам печатеното списание низ Охрид и Струга, а преку веб продавницата, може да купите од мене внесувајќи го кодот #IgorPoraka. Лично ќе се погрижам да стигне на вашата адреса- вели Игор.

Повеќе за вработувањето на Игор и за приказната на „Порака Нова“, прочитајте на линков

Разгледајте ги опциите подолу, одберете, потоа наполнете ја кошничката и прегледајте ја. При прегледот во полето за внес на код на купувач, внесете го кодот IgorPoraka. Така, Игор ќе знае дека сте негов верен купувач.