дома ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

ДОВЕРЛИВОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ

Изјава за доверливост на податоците

Оваа изјава за доверливост на податоците се однесува на за податоците кои се наоѓаат на страниците и кои со користење на тие страници се собрани и сочувани во базите на податоци на Интернет страниците на „Лице в лице“ и на https://kupi.licevlice.mk/ (во понатамошниот текст кога се спомнуваат заедно – страниците на „Лице в лице“) од крајните корисници.

„Лице в лице“, како давател на услуги на Интернет страницата https://kupi.licevlice.mk (во понатамошниот текст – „ние“) е посветена да ја заштити вашата приватност додека сте online. Ве молиме да го прочитате следното, за полесно да разберете кои информации ги собираме од вас (во понатамошниот текст – „корисник“ или „краен корисник“) и како ги користиме тие информации. Ако имате било какви прашања во врска со доверливоста на податоците, ве молиме да ни испратите порака на e-mail адресата licevlice@public.org.mk .

Ве молиме, внимателно да ја прочитате оваа изјава за доверливост на податоците. Со пристапот или користењето на нашите интернет страници, потврдувате дека сте ги прочитале и разбрале и дека се согласувате со сите услови за доверливост на податоците и со начините на користење на нашите интернет страници.

Како до безбеден профил на https://kupi.licevlice.mk

За поголема безбедност на вашиот профил https://kupi.licevlice.mk ве советува да составите лозинка составена од најмалку 8 карактери составена од алфабетни, нумерички и интерпукциски знаци, или да ја користите автоматски генерираната системска лозинка.

https://kupi.licevlice.mk ве советува еднаш месечно да вршите промена на вашата лозинка, која може лесно да ја промените од менито „Мој профил”, во делот „Детали за профилот”.

Доколку ја имате заборавено вашата лозинка можете слободно да побарате нова при сaмата најава обележувајќи го делот „ја заборавив мојата лозинка”.

Доколку имате проблеми за промени на лозинката контактирајте нè на licevlice@public.org.mk и лозинката ќе ви биде ресетирана.

Како да ги избришам моите податоци на https://kupi.licevlice.mk

Доколку повеќе не сакате да бидете дел од https://kupi.licevlice.mk и вашите податоци да бидат целосно избришани, ве молиме пишете ни на нашиот меил licevlice@public.org.mk и нашата служба комплетно ќе ги избрише вашите податоци од нашата база.

Доколку повеќе не сакате да примате известувања по е-маил за било која активност на https://kupi.licevlice.mkконтактирајте нè на  licevlice@public.org.mk.

Чување и пренесување на податоци

Сите податоци внесени на https://kupi.licevlice.mk се целосно доверливи и никогаш нема да бидат пренесени на трети лица.
Пристап до личните податоци кои ги имате внесено на https://kupi.licevlice.mk имаат само лица овластени од владините институции чија цел е извршување на инспекциски надзор за работењето на https://kupi.licevlice.mk.

Измена на доверливоста на податоците

Оваа изјава за доверливост на податоците можеме да ја измениме во било кое време со објавување на изменетиот текст на изјавата за доверливост на податоците во делот „Доверливост на податоците“ на нашите интернет страници. Измените на изјавата за доверливост на податоците стапуваат на сила веднаш по објавата на овие интернет страници. Секој корисник има одговорност периодично да ја прегледа оваа Интернет страница и да ја проучи измената на Изјавата за доверливост на податоците. Продолжувањето на користењето на оваа Интернет страница од ваша страна, по стапувањето на сила на таквите измени, подразбира дека ги потврдувате и прифаќате сите услови на така изменетата Изјава за доверливост на податоците

Вид на собрани информации и користење на собраните информации

Собираме два вида на информации за корисниците на нашите Интернет страници: лични идентификациски информации и не-лични идентификациски информации.
Лични идентификациски информации се информации кои го идентификуваат специфичниот краен корисник. Кога ќе се вклучите во одредени активности на нашите Интернет страници, како што се отворање кориснички профил, нарачување на производи или услуги, објавување содржини и/или објавување текстови, пополнување анкети, објавување коментари, праќање повратни информации до нас или нашите партнери, барање  информации за нашите услуги, ставање видео запис или потпишување на посебни понуди од трети лица преку нашите Интернет страници (во понатамошниот текст кога се споменуваат заедно – идентификациски активности), можеме од вас да побараме да ни дадете одредени информации за вас. Вклучувањето во идентификациски активности е опционално. Меѓутоа, доколку се одлучите да се вклучите во некоја идентификациска активност, можеме од вас да побараме да обезбедите некои лични информации, како што се име и презиме, адреса (вклучувајќи поштенски број), e-mail адреса, телефонски број и датум на раѓање. Кога нарачувате производи и услуги, можеме од вас да побараме да ни дадете информација за бројот на вашата кредитна картичка, датум на важност, код за авторизација и други информации поврзани со тоа. Во зависност од видот на активностите, некои информации, кои бараме да ни се достапни, се одредени како задолжителни, а некои како доброволни. Ако не доставите информација која е задолжителна за одредена активност, нема да ви биде дозволено вклучување во таа активност.

Ние ги користиме личните идентификациски информации за да ви понудиме производи и услуги, за да ја унапредиме работата на оваа интернет страница, да ги подобриме нашите огласувачки и промоциски напори, да ја анализираме употребата на интернет страниците на „Лице в лице“, да ја подобриме нашата понуда на производи и услуги, и за да го испитаме вашето искуство со трети лица, како што е изложено претходно од оваа изјава за доверливост на податоците. На пример, ако испратите e-mail порака, ние би можеле да ги користиме вашите коментари и повратни информации за да можеме да ве контактираме, но, и за да известиме и информираме за нашите новости, производи, а тој ваш коментар можеме да го објавиме на профилите на социјалните мрежи на „Лице в лице“. Освен тоа ако ја користите нашата интернет страница за праќање на информации или производи на други личности, можеме да ги зачуваме вашите лични информации и лични информации на било кој примател. Можеме да ги користиме контакт информациите на таа друга личност за да му/ѝ овозможиме да го прегледа и прифати вашиот подарок или би му овозможиле на тој примател пристап до информациите кои вие сте ги побарале, а ние сме ги испратиле. Исто така можеме да ги користиме личните идентификациски информации за решавање на проблеми, имплементација на административни задачи, воспоставување контакт со вас, почитување на договорот со вас, вклучувајќи ги Услови за користење и Изјавите за доверливост на податоците на нашите интернет страници, почитување на соодветните закони и соработка со службите за спроведување на законите.

Не-личните идентификациските информации се информации кои не го идентификуваат специфичниот краен корисник. Овој вид на информации можат да вклучуваат ставки како што се Uniform Resource Locator (URL) на интернет страниците кои се посетени пред да ја отворите нашата интернет страница, URL на интернет страниците кои се посетени по напуштањето на нашата интернет страница, вид на пребарувач кој го користите и вашата Internet Protocol (IP) адреса. Ние и/или нашите овластени даватели на услуги и огласувачи, можеме автоматски да ги прибираме овие информации кога ќе ја посетите нашата интернет страница, со помош на електронските алатки како што се Cookie и Web beacon или Pixel tag алатки, а како што е опишано претходно на овој документ за доверливост на податоците.

Ние ги користиме не-личните идентификациските информации за решавање на проблеми, администрирање на Интернет страницата, анализа на трендовите, прибирање на демографски податоци, анализа на усогласеноста со позитивните прописи и соработка со службите за спроведување на законот. Исто така ние можеме да ги делиме овие информации со нашите овластени даватели на услуги и огласувачи, а за да ја измериме вкупната ефикасност на нашето online огласување, содржина и програмирање.

Објавување на лични идентификациски информации

Ние нема да ги даваме вашите лични идентификациски информации на други лица освен на оние кое се посебно наведени овде:

Ние можеме да ги споделиме ваши информации со овластени трети лица даватели на услуги. Ние даваме некои наши услуги и производи преку трети лица. Овие „Трети даватели на услуги“ спроведуваат некои активности во наше име, како што се испраќање и дистрибуирање на наши административни и промотивни е-маил пораки. Ние можеме да споделиме ваши лични идентификациски информации со таквите даватели на услуги заради исполнување на нарачки, испорака на пакети, испраќање на обична пошта и e-mail пошта, администрирање на наградни игри, отстранување на дупликат информации на листите на клиенти, анализа на податоци, давање на услуги за огласување, обезбедување на резултати од пребарувања и линкови, обработка на плаќања со кредитни картички, управување со интернет страниците на „Лице в лице“, решавање на проблеми, и давање на кориснички услуги. Ние исто така можеме да прибираме лични информации на поединци и друштва со кои имаме деловни односи („поврзани“) и можеме исто така да споделуваме нивни информации со давателите на услуги за да ги оствариме нашите административни задачи подобро.
На пример, кога нарачувате производ, податоците од вашата кредитна картичка ги предаваме на банката, која ја издала картичката, за да го потврдиме плаќањето на услугата и, доколку е потребно, ја даваме вашата адреса на службата за испорака за да може да ја испорача пратката. Употребата на вашите лични идентификациски податоци од нивна страна е пропишана со изјавите за доверливост за податоци на тие страни и не е под наша контрола.

Ние можеме да ги споделиме вашите информации со цел за наша заштита и заштита на другите. Ние исто така можеме да ги откриеме личните идентификациски информации кога веруваме дека нивното откривање ќе помогне во спроведување на законот или кога тоа е неопходно како последица на судски налог, дека тоа ќе обезбеди усогласеност со оваа изјава за доверливост на податоци, Условите за користење на нашите интернет страници или други договори; или да се заштити правото на сопственост или сигурноста на овие интернет страници, нивниот корисник или други лица.

Објавување на не-лични идентификациски информации

Ние можеме да откриеме или споделиме не-лични идентификациски информации со партнерите, поврзаните друштва и со огласувачите. На пример, ние можеме да ги споделиме собраните демографски информации (кои не ги вклучуваат личните идентификациски информации) со „трети огласувачи“ или со други лица како што е наведено:

Понекогаш, користиме трети агенции за огласување за опслужување на огласите на нашите страници. Овие агенции можат да ги користат не-личните идентификациски информации за вашите посети на оваа или други интернет страници, со цел преку употреба на мрежни ознаки, да обезбедат огласи за производи и услуги за кои вие би можеле да бидете заинтересирани. Ние исто така користиме трети даватели на услуги за следење и анализа на статистика за употребата и волуменот на не-лични идентификациски информации на нашите корисници, а со цел за администрирање на нашите интернет страници и постојано подобрување на нивниот квалитет. Ве молиме да имате предвид дека овде не се работи за лични идентификациски податоци, туку само за сумирани активности на нашите корисници. Овие податоци се собираат во наше име и според тоа претставуваат наша сопственост и само ние ги користиме.

Ажурирање и исправка на информациите

Сметаме дека вие би требале да имате можност за пристап и промена на личните идентификациски податоци кои ни ги давате. Вие можете да промените било која од вашите идентификациски лични информации со праќање на e-mail порака на licevlice@public.org.mk. Во таа e-mail порака, ве молиме да го наведете вашето име и презиме, адреса и e-mail адреса и кои информации сакате да ги ажурирате кога нè контактирате.

Ви препорачуваме што побрзо да ги ажурирате вашите лични идентификациски информации кога тие ќе се променат. Можете да побарате бришење или отстранување на информациите за вашиот кориснички профил; меѓутоа, со оглед на тоа дека ги чуваме поранешните трансакции, не можете да ги избришете информациите во врска со поранешните трансакции на нашите интернет страници. Покрај тоа, можеби нема секогаш да бидеме во можност до крај да ги избришеме сите ваши информации.

Избор на корисникот во врска со собирањето и употребата на информациите

Како услов за купување на нашите производи или услуги, ние бараме ваша дозвола да ви испраќаме aдминистративни и промотивни e-mail пораки. Ако побарате, ние ќе ви испраќаме информации во врска со активностите на вашиот кориснички профил и вашите купувања, како и ажурирани информации во врска со нашите производи и промоциски понуди. Не можете да го исклучите примањето на aдминистративните e-mail пораки. Административните e-mail пораки се однесуваат на корисничката активност на интернет страницата и вклучуваат пораки во врска со одредени кориснички профили, барања или прашања, како и пораки во врска со купувањето на производи и услуги. За разлика од aдминистративните e-mail пораки, можност за избор имате во поглед на промоциските e-mail пораки. Промоциските e-mail пораки ги огласуваат нашите производи и услуги, вклучувајќи ексклузивни продажни и други понуди и/или производи и услуги на нашите oгласувачи и pоврзани друштва. Ние ги праќаме промоциските email пораки на корисниците кои се регистрирани и кои ја имаат избрано опцијата за примање на промоциски e-mail пораки. Доколку не сакате од нас да примате промоциски e-mail пораки, можете во било кое време по регистрацијата да ја изберете опцијата за откажување на примање на промоциски e-mail пораки преку праќање на e-mail порака на licevlice@public.org.mk, или со означување на соодветното поле на дното на било која наша e-mail порака. Во случај на контактирање, ве молиме наведете го вашето име, адреса, e-mail адреса и кој вид на промоциски e-mail пораки повеќе не сакате да ги примате.

Заштита на податоците

Заштитата на податоците ја разбираме сериозно и преземавме разни мерки на претпазливост за да ги заштитиме личните идентификациски информации. До вашите лични идентификациски информации на нашата интернет страница можете да пристапите со помош на лозинка и вашата e-mail адреса. Оваа лозинка е криптирана. Ви препорачуваме, вашата лозинка да не ја откривате никому. Покрај тоа, вашите лични идентификациски информации се чуваат на сервер на кој можат да пристапат само избрани личности и даватели на услуги. Ние вршиме криптирање на одредени осетливи информации користејќи Secure Socket Layer (SSL) технологија, за да обезбедимее сигурност на вашите лични идентификациски информации откако ќе стигнат кај нас.

За жал, ниту еден пренос на податоци преку интернет, или било која безжична мрежа не може да биде 100% сигурен. Како последица на тоа, и покрај тоа што спроведуваме комерцијално разумни заштитни мерки за заштита на податоците и се здружуваме со друштвата што го прават истото, не можеме да ја гарантираме заштитата на било која информација пренесена на или од нашата интернет страница и не сме одговорни за дејствијата на било кое трето лице кое таквите информации ги прима.

Ниту еден пренос на податоци преку интернет, или било која безжична мрежа не може да биде 100% сигурен. Како последица на тоа, и покрај тоа што спроведуваме комерцијално разумни заштитни мерки за заштита на податоците и се здружуваме со друштвата што го прават истото, не можеме да ја гарантираме заштитата на било која информација пренесена на или од нашата интернет страница и не сме одговорни за дејствијата на било кое трето лице кое таквите информации ги прима.

Следење на податоците

Cookies
Со цел да го олесниме и прилагодиме вашето искуство на овие Интернет страници ние испраќаме и преземаме Cookies на вашиот компјутер. Cookie е мала текстуална датотека која се наоѓа на компјутерот на корисникот со цел за чување податоци. Таа содржи информации за корисникот. Ние ги користиме Cookies за да ви заштедиме време при користењето на овие интернет страници, да се потсетиме кои сте и да ги следиме и насочуваме интересите на корисникот, а со цел да обезбедиме индивидуално прилагодено искуство. Cookies исто така ни овозможуваат од вас да собереме не-лични идентификациски информации, како што се информациите за тоа кои страници сте ги посетиле и на кои линкови сте кликнале. Употребата на овие информации ни помага да создадеме повеќе кориснички прифатливо искуство за сите посетители. Покрај тоа, можеме да користиме трети агенции за огласување за прикажување на огласи на нашата интернет страница. Како дел на нивната услуга, тие можат да стават одвоени Cookies на вашиот компјутер. Ние немаме пристап или контрола над тие Cookies. Оваа изјава за доверливост на податоците пропишува употреба на Cookies само од страна на нашите интернет страници и не се однесува на употребата на Cookies од страна на било кој огласувач. Поголемиот број на пребарувачи автоматски ги прифаќа Cookies, но вие сте во можност да ги наместите поставките на вашиот пребарувач да ги одбива Cookies. Ве молиме да имате предвид дека доколку ги одбиете или избришете овие Cookies, постои можност дека некои делови од нашите интернет страници нема правилно да работат.

Други начини на следење
Ние можеме да користиме и други стандардни технологии како што се pixel tags и web beacons за следење на вашата употреба на нашите интернет страници и промоции, или можеме да им дозволиме на Трети даватели на услуги користење на оваа метода во наше име. Pixel tags и web beacons се ситни графички слики поставени на одредени страници на нашите интернет страници или во нашите e-mail пораки и тие ни овозможуваат да воочиме дали сте спровеле определени дејствија. Кога ќе пристапите на тие страница или отворите или кликнете на e-mail порака pixel tags и web beacons генерираат не-лични идентификациски информации за тоа дејствие. Pixel tags ни овозможуваат мерење и подобрување на нашето разбирање на прометот на посетителите и нивното однесување на нашите интернет страници и исто така ни дава можност да ја оцениме успешноста на нашите промоции и нивната ефикасност. Исто така за истата цел можеме да ги користиме pixel tags и web beacons алатките на нашите поврзани друштва и/или маркетиншки партнери.

Доверливост на податоците на Трети интернет страници

Оваа изјава за доверливост на податоците се однесува само на употребата и објавувањето на информациите кои ги собираме од вас. Другите интернет страници на кои може да се пристапи преку нашите интернет страници имаат свои сопствени изјави за доверливост и собирање на податоци, како и за начините на нивното користење и објавување на тие страници. Ако се префрлите на било која таква страница, ви препорачуваме да ја прегледате изјавата за доверливост на податоците на таа страница. Ние не сме одговорни за начинот и условите на работење на трети лица.

Останати теми за доверливост на податоците

Малолетни лица помлади од 14 години не смеат да ги користат нашите интернет страници. Ние не собираме или задржуваме информации од било кого кој е помлад од 14 години, па според тоа ниту еден дел од овие интернет страници не е дизјниран на начин да привлече било кого кој е помлад од 14 години.