Home Печатено издание #41 „Лице в лице – печатена верзија

#41 „Лице в лице – печатена верзија

100 ден

Во оваа вонредна ситуација, продавачите на „Лице в лице“ не се на своите работни места, од разбирливи, превентивни причини. Но, поддршката, особено сега, им е уште повеќе потребна.
Со секоја нарачка на списанието, половина од сумата ќе биде искористена во набавка на производи за продавачите на „Лице в лице“.

На ваков начин останувате информирани за важни теми од нашето опкружување, и во исто време – давате придонес во зајакнувањето на ранливите сограѓани.

„Лице в лице“ им е потребно на продавачите и секако, на својата верна, активна публика – за да остане со здрава и активна мисла, за силно, одржливо општество.

Опис

Новиот 41-ви број на „Лице в лице“ ја носи темата за потенцијалите на руралниот развој. Разговаравме одблиску со луѓето што живеат од земјоделство и од рурален туризам, со луѓе што ги напуштиле градовите и решиле дека својот живот ќе го градат на село. Овде е дел од содржината:

„ЛИЦЕ В ЛИЦЕ“ ПРЕКУ ВЕБ-ПРОДАВНИЦА – СО ПОДАРОК И СО ДОСТАВА
Веб-продавницата kupi.licevlice.mk се покажа како добро решение и за продавачите што остануваат „да работат од дома“, а сега најдовме начин и да ги ангажираме и мотивираме

ЛОКАЛНИТЕ ПОТЕНЦИЈАЛИ КАКО ОДГОВОР НА ЛОКАЛНИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ
На долг рок пандемијата може да ги промени шемите на производство и на консумација, да го зголеми фокусот на работа од дома, но, отвора и нови начини за развој на руралните средини, што е едно од потенцијалните решенија за клучните глобални предизвици како климатските промени и постигнувањето одржливост

НУРКАЊЕ ВО ЗАБОРАВЕНОТО: ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ ВО ЗЕМЈАТА НА БОИ, АРОМИ И НА ВКУСОВИ
Храната во комбинација со планината и со чистиот воздух е потенцијалот што како земја го имаме, но сме го запоставиле. Овде лежи и основата за рурален развој базиран на нашата автентичност

ХЕРОИТЕ НА ШАРА ГО ВРАЌААТ ЖИВОТОТ НА ПЛАНИНАТА
Ајде да замислиме дека „Нетфликс“ за 10 години има хит-серија за локалните херои што ја спасија Шар Планина од (само)уништувачката рака на капитализмот, алчноста, неодговорноста, себичноста. Овде претставуваме дел од епизодите, а вие пишете ни на licevlice@ public.org.mk за вашето гледање, вашето сценарио за заштитата на Шара, но и на многу други подрачја во земјава, кои заслужуваат внимание и зачувување

ЖИВОТ НА СЕЛО – ЧЕКОР КОН САМООДРЖЛИВОСТ
Одржливиот стил на живот бара начини да произведеместруја, хра на, природна градба. За многумина е тешко, бидејќи им се наметнати навиките на „ модерното време“ каде што сѐ ни е достапно