Овие празници, празни улици.

Продавачите на „Лице в лице“ не ве наоѓаат на вашите и нивни омилени места.
Со намалената циркулација на луѓе во кафулињата и рестораните (што е за поздрав), речиси и немаат продажба, а поради тоа, ниту средства за основна егзистенција. Никому не му е лесно, но, ваквите предизвици се двојно потешки за ранливите сограѓани.

Затоа, „Лице в лице“ направи прилагодувања на можните начини за ваше вклучување. Со новата веб платформа лесно можете да поддржите продавач, но, и да влијаете продавачите да бидат дел од програма која ќе ги однесе неколку чекори поблиску до пазарот на труд, како и да го поддржите процесот на работна интеграција, преку социјално менторство кое ќе се погрижи да се подобрат дигиталните вештини на продавачите и развојот на нивните индивидуални потреби и таленти. Описменување, курсеви за различни професии и занаети, поддршка во надминување на потешкотиите кои ќе произлезат од микро и макро средината и константно насочување кон активности за професионално усовршување.

Станете дел од решенијата направени согласно потребите на различни групи продавачи „Лице в лице“.
На „клик“ сте од тоа!

 

Што нуди новата платформа ?

Според нас, највозбудлива е можноста да следите видео интервјуа и да сте дел од ексклузивни вебинари и настани со еминентни гости од целиот свет (ТЕД говорници, футуристи, експерти од различни области), да читате визионерски размисли и конкретни задвижувања кон подобро општество.

Станувате дел од една значајна заедница чија мисија е напредокот на нашето општество, која неуморно ќе чекори кон остварување на потенцијалите во сите општествени сектори. Заедно ќе бидеме сè повлијателни и посвесни за средината во која сакаме и имаме право да живееме.
Годишното членство ви гарантира пристап до сите содржини кои ги продуцира „Лице в лице“ следниве 12 месеци, а веб платформата нуди побогато искуство преку видеа, подкасти, аудио верзии на текстовите…

Наместо постојано да ги прозиваме работите што не чинат, заедно ја носиме свесноста за тоа што е можно за нашето општество, низ конкретни и важни чекори.

Со купување на списанието „Лице в лице” им помагате на многумина. Читајќи „Лице в лице” си помагате себеси!  Но, и на општеството!


Сакам да бидам дел од оваа заедница!

9 КОМЕНТАРИ

  1. […] која ги повикува поддржувачите да станат членови на дигиталната „Лице в лице“ заедница и заедно да се движат кон промените во 2021 […]

  2. […] која ги повикува поддржувачите да станат членови на дигиталната „Лице в лице“ заедница и заедно да се движат кон промените во 2021 […]

  3. […] која ги повикува поддржувачите да станат членови на дигиталната „Лице в лице“ заедница и заедно да се движат кон промените во 2021 […]

  4. […] што следува „Лице в лице“, заедно со граѓаните, членови на дигиталната заедница, ќе вложува во продавачите, но и во нивните ментори, […]

  5. […] што следува „Лице в лице“, заедно со граѓаните, членови на дигиталната заедница, ќе вложува во продавачите, но и во нивните ментори, […]

  6. […] што следува „Лице в лице“, заедно со граѓаните, членови на дигиталната заедница, ќе вложува во продавачите, но и во нивните ментори, […]

  7. […] – Задоволство ми беше времето поминато со Рамајана. Таа е прекрасна девојка. Силна и решителна, верувам дека ќе успее во животот – рече Зафирчев, кој изминатиов период се вклучи во поддршка на кампањата „Посреќна 2021! ЗА СИТЕ“. Зафирчев е и на насловницата на новиот, 43-ти број на „Лице в лице“, со ликот на Марио од ситкомот „Преспав“, чиј тим, заедно со него ја поддржуваат кампањата која има цел да поттикне граѓаните да се зачленат на дигиталната платформа на „Лице в лице“, преку која се креирани решенија за поддршка на оваа иницијатива. Повеќе за тоа, читајте на овој линк. […]